350
Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки денеска остро реагираше на ненадејниот прекин на испораките на гас за неговата земја, а постапката на руските власти ја окарактеризира како одмазда за новите санкции кои Полска и ги воведе на Русија.
Полските санкции беа објавени во вторникот и беа насочени кон 50 руски олигарси и компании, вклучително и „Газпром“, а набргу по објавувањето, полските власти добија известување дека „Газпром“ ќе ја прекине испораката за Полска бидејќи земјата не ги исполнила новите барања за плаќање гас на руски рубљи.
Во своето обраќање пред полскиот парламент, премиерот Моравјецки вети дека Полска нема да се „уплаши“ од прекинот на гасот.