Спасовски: Се е поразлично и понапредно после крвавиот 27. април

од Nikola Popovski
230 прегледи

Ако зборуваме за тој крвавиот четврток, насилниот упад во Собранието кога имаше намера да бидат убиени пратениците и да не се преземе власта, и ако споредиме со денес, ништо не е исто. Се е различно и понапредно и државата и институциите, посебно македонската полицијата. Во 2017 разговаравме за служба и полиција која ги кочи човековите права и слободи, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во изјава по повод 5 години од настаните на 27-ми април во Собранието.

Според него, денес имаме целосна реформирана полициска структура, посебна служба како Агенцијата за национална безбедност.

-Формирана е посебна Оперативно техничка агенција, со што е оневозможено или е сведена на најниско можно ниво можноста за какво било нелегално прислушување. Тоа значи, потенцира Спасовски, дека институциите не можат да ги злоупотребуваат овие системи.

– Ако го земеме самиот настан на 27 април, кога не реагираше полицијата за да го заштити законодавниот дом, пратениците, новинарите и сите тие кои беа внатре, доволно говори дека интересите во тој момент не биле подредени на граѓаните и на државата, туку на нешто друго, дали е тоа политика, дали се одредени личности итн…, додаде Спасовски.

Слични содржини