Експертот за заразни болести Ентони Фаучи денеска изјави дека САД излегле од пандемијата во однос на бројот на нови инфекции со коронавирус, хоспитализирани и смртни случаи, но дека Ковид-19 станува ендемична болест.
Фаучи рече дека коронавирусот сè уште е пандемија за поголемиот дел од светот, а опасност постои и за САД, бидејќи сегашната фаза е најопасна според него, поради релаксацијата.
„Немаме 900.000 нови инфекции дневно, десетици илјади хоспитализирани и илјадници мртви. Во моментов сме на ниско ниво“, рече тој.
Меѓутоа, по фазата на целосна експлозивна пандемија, во текот на зимскиот период се зголемува бројот на нови инфекции со сојот омикрон, сега е период на транзиција во кој корона вирусот станува ендемична болест.
„Светот сè уште е во пандемија. За тоа нема сомнеж. Никој нека не ја толкува погрешно ситуацијата“, рече Фаучи.