Храброст или лудило на Унаи Емери: Ќе го натераме Ливерпул да пати во реваншот

од Nikola Popovski
368 прегледи

Виљареал во најмала рака беше лош на гостувањето кај Ливерпул, но тренерот на овој клуб Унаи Емери истакна дека ситуацијата во вториот натпревар ќе биде неспоредлива.

Натпреварот на „Енфилд“ заврши со победа на домашната екипа од 2:0 со два поништени гола, две стативи и голем број промашени шанси, но и покрај тоа, Емери е убеден дека во реваншот Ливерпул ќе биде тој што ќе „пати“.

-Следниот натпревар ќе биде многу поинаков. Ливерпул ќе пати многу повеќе во Виљареал, изјави Емери, убеден дека неговиот тим е способен да направи уште една сензација по изненадувањето против Јувентус и Баерн Минхен.

„Жолтата подморница“ треба да биде посилна за Жерар Морено, кој се опоравува од повредат.

Слични содржини