Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, беше задоволен од победата над Виљареал од 2:0 во првата полуфинална пресметка на двата тима во Лигата на шампионите.
Смета дека на вакви натпревари, на кои противникот најмногу се брани, понекогаш треба и доза на среќа за да се однесе победата, таргетирајќи го првиот гол на натпреварот, кој беше автогол.
„Тие се многу организиран тим и знаевме дека нема да ни биде лесно. Важно беше да продолжиме да не се откажуваме и да продолжиме да веруваме дека можеме да ги скршиме. На такви натпревари, каде противникот игра мирно, потребно е доза среќа. Имавме среќа и успеавме да ги кренеме навивачите на нозе. Во поголемиот дел од натпреварот нашиот контра-пресинг беше многу добар. Многу им отежнавме. Но судирот е се уште отворен. Ќе биде тешко за нас во реваншот“, изјави Хендерсон.