Ковачевски: Ќе му кажам на Петков дека во Благоевград ќе отвориме и ние културен центар

од Берта Китинска
331 прегледи

Во Благоевград ќе биде отворен културен центар, за чие име, ќе се консултираме со Институтот за историја, а за ова, во следниот период ќе разговараме и со премиерот на Бугарија, Кирил Петков, информираше денеска премиерот

„Во наредниот период планираме да отвориме нов културен центар во Бугарија, а името ќе го одредиме во координација со нашиот Институт за историја и почитувана Мизрахи, ќе ве повикам да дојдете со мене на отворањето“,рече Ковачевски, одговарајќи на пратеничко прашање на Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ, за тоа зошто во земјава има здружение со името на Ванчо Михајлов.

Тој напомена дека бил многу разочаран и вознемирен дека на отоварањето на клубот во Битола присуствувлае бугарските официјални лица.