Ново ВИДЕО од Азовстал, десетици повредени: „Зошто не оставивте сами…“

од Nikola Popovski
228 прегледи

Украинските лидери мора да најдат начин да му помогнат на полкот што ја брани фабриката за челик Азовстал во Мариупол, која е опкружена со руски сили, рече неговиот командант во емотивно обраќање.

„Го повикувам воено-политичкото раководство да преземе решителни чекори за да ја прекине блокадата или да ги евакуира сите оние кои се надеваат и веруваат во својата татковина“, рече заменик-командантот Свјатослав Паламар во видео порака објавена во четвртокот.

Тој додаде дека борците се повеќе се прашуваат зошто Киев не ги исполнил своите ветувања.

„Кој може да одговори на тоа: Зошто сме сами против артилерија, бродови и авиони?“.

Заедно со многубројните војници, во бункерите на фабриката има и околу 1.000 цивили.

Рускиот претседател Владимир Путин нареди целосна блокада на фабриката за челик. Москва го обвинува Азовскиот полк во кој доминира националисти, за воени злосторства, но не обезбеди никакви докази.

Москва тврди дека остатокот од уништениот пристанишен град Мариупол во југоисточна Украина е под руска контрола по неколкунеделни жестоки борби.

Во меѓувреме, Азовскиот полк објави снимка од челичните катакомби по руското бомбардирање.

– Почнаа да фрлаат бомби кои можат да ја пробијат бетонската одбранбена конструкција, напишаа од Азов.

Серхиј Волин, вршител на должноста командант на маринците во Азовстал, рече дека има повеќе од 600 ранети борци и цивили во фабриката за челик. Тој рече дека нема лекови или услови за лекување на ранетите, додавајќи дека стотици цивили живеат во ужасни услови и дека им снемува храна и вода.

Слични содржини