Шаќири: Најважно е да има настава

од Nikola Popovski
236 прегледи

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вели дека секогаш размислувале добро во процесот на преговори со Синдикатот за образование и наука (СОНК).

-После денешниот ден има реакции зошто е постапено по оваа насока, претежно од граѓаните и наставници. Ние бараме мирно решавање и можеме да отвораме да отвориме дискусии, но најважно е да има настава. Бевме блиску до решение. Согласноста се постигна и очекувавме СОНК да го прифати предлогот од 12% покачување на платите, кажа Шаќири во емисијата „Вин-вин“.

Министерот додава дека во дискусијата се отворени неколку теми.

-Во целиот процес кажав дека како социјални партнери сакаме решение. Тоа што беше во делот на СОНК и сите треба да ги гледаме правата и обврските. Ќе продолжат разговорите и нема застанување тука. Неделков денес се повикува на 20 дена рок на Законот за мирно решавање на работните спорови, посочи Шаќири.

-Го почитувам СОНК и наставниците, но после одреден временски период, мојата доверба беше во тоа дека ние имавме прилика дека процесот ќе го завршиме уште претходно, ако се знае дека порано процентот од 10% беше позитивен, додаде министерот за образование.

 

Слични содржини