Павичевиќ: Наставниците заслужуваат повисоки плати, но учениците не смеат да губат часови

од Nikola Popovski
333 прегледи

Лидерот на Сојузот на средношколци, Лука Павиќевиќ вели дека имаат разбирање за правото на штрајк на наставниците и барањето за поголеми плати.

-Но секогаш има граница кога едно право го прекршува другото право. Правото престанува да биде право кога го загрозува правото на другите. Наставниците заслужуваат повисоки примања и статус, но не смееме да дозволиме учениците да губат часови како резултат на спор меѓу Владата и СОНК. Нивната позиција е загарантирана, вработени се, завршиле високо образование, а моментот на адолесценција и пубертет е момент на формирање на личност и понатаму кариера. Не смееме да дозволиме учениците да трпат штета. Ако утре се вратиме во училишните клупи, тоа ќе биде поздравување, кажа Павиќевиќ и апелира преговорите да продолжат.

-Утре ќе дознаеме повеќе дали сите наставници и професори ќе дојдат на работа, оценува Павиќевиќ во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини