Германски „Фокус“: НАТО веќе „оперира“ во Украина

од Vladimir Zorba
338 прегледи

Елитни воени единици на НАТО ја поддржуваат Украина во борбата против руската армија, тврди германскиот магазин „Фокус“.

Специјалисти од Велика Британија и САД ги обучуваат украинските војници, меѓу другото, за употреба на 3.600 современи противтенковски оружја.

Ги обучуваат и да бидат саботери и со нив вежбаат партизански борбени техники.

Британците се најбројни во тимот за обука на Украинците со повеќе од 100 елитни војници на специјалната единица САС.

Тие војници се кријат во Украина од 2014 година, откако Русија го анектираше Крим.

Ја обучуваат професионалната украинска армија и доброволци. Во Украина се и членови на британската поморска специјална единица СБС, како и специјални извидници на единицата СРР.

И САД испратија свои специјални сили во Украина – Зелените беретки тренираат Украинци во урбана борба, а „фоките“ тренираат на стар полигон на западот од земјата.

Европската команда во Штутгарт е задолжена за координирање на активностите на американските специјални сили.

Исто така, британските и американските елитни војници имаат една посебна задача, за која се задолжени единиците стационирани во Литванија, а тоа е да го евакуираат украинскиот претседател Володимир Зеленски доколку е потребно.