307
Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ остро реагира на колењето јагниња во градинка во Делчево.
-Со видно задоволни лица, оние што треба да ги научат најмалите на љубов и емпатија ги изложуваат на немилосрден чин, трауми. Ова го нема во ниту едно нормално и развиено општество, поточно вакво нешто би било незамисливо, а потоа најстрого забрането и казниво, потенцираат од Здружението.
Од таму бараат АХВ и МТСП итно да постапат.
-Ова е мачење на животни, траумирање на деца, нормализирање на чин на колење и сѐ останато што никако не доликува на вработени во воспитно образовна институција!, се вели во објавата на „Анима мунди“.