Трамп се огласи по два месеци и откри дали се враќа на Твитер

од Nikola Popovski
317 прегледи

Доцна во четвртокот, поранешниот американски претседател Доналд Трамп се обрати на социјалната мрежа Truth Social, која ја отвори пред два месеци, пишувајќи: „Се вратив!

Трамп го прекина молкот веднаш откако Илон Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари, најавувајќи поголема слобода на говор на таа социјална мрежа, јавува Хина.

Минатата година, Твитер го екскомуницира поранешниот републикански претседател, наведувајќи ги стравувањата од поттикнување насилство по упадот на неговите поддржувачи во Капитол на 6 јануари 2021 година.

Републиканците ја прославија новата аквизиција на Маск, надевајќи се дека лидерот на Tesla и SpaceX ќе го врати Трамп на таа платформа. Но, поранешниот претседател изјави дека не се враќа на Твитер.

Во објава во четвртокот, која се вика „truth“ (вистина) на новата апликација, по примерот на „твит“ на Твитер, Трамп напиша: „Се вратив! #COVFEFE, повикувајќи се на наводно случајна објава на Твитер во 2017 година, која стана вирално меме.

Молкот на Трамп на „Truth Social“, кој го покрена на 21 февруари, покрена лавина прашања за одржливоста на неговата апликација.

Во средата, Маск напиша на „својата“ социјална мрежа дека „Truth Social постои затоа што Твитер ја цензурираше слободата на говорот“, објавувајќи подоцна дека републиканската апликација моментално ги победува Twitter и TikTok во онлајн продавницата на Apple.