Министерството за надворешни работи во изјава за „Локсално“ ги негира шпекулациите што ги објавија одредени медиуми дека не било прифатено барањето за агреман за поранешната градоначалничка на општина Тетово, Теута Арифи за амбасадор на Северна Македонија во Европската Унија.
Според македонската дипломатија, таков предлог воопшто не бил пратен.
– Министерството за надворешни работи ги демантира шпекулациите кои се појавија во одредени медиуми дека не е прифатено барање за агреман за амбасадор на Република Северна Македонија во Брисел од причини што досега воопшто не е пратен предлог за добивање на агреман до Европската Унија, затоа што се уште нема усогласен предлог на државата за амбасадор.
Поранешната градоначалничка на Тетово по неуспешниот обид да биде испратена во Вашингтон, во март годинава од македонската влада беше предложена за амбасадорка во ЕУ.
Тој предлог дојде откако Арифи не ги помина филтрите на Стејт департментот во Вашингтон.