Маричиќ: Топката е на бугарска половина, има напредна фаза во преговорите

од Nikola Popovski
213 прегледи

Топката е на бугарската половина. Тоа е ставот на Владата. Можам да ви кажам дека во текот на разговорите, координацијата постојано одела на владино ниво. никој не настапил соло во тие разговори, вели вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ за последните случувања на релација Скопје-Софија.

Тој информира дека интензивно се разговара со бугарската влада во овие 100 дена.

-Сакавме да има разноликост во темите, за да можеме нашите односи да не се базираат само врз историските прашања. Мислам дека имавме успешен процес кој ја промени енергијата. Сепак тоа што се случи во Битола не го помага процесот, но ние не се откажуваме. Вложивме многу труд. Одевме на тенка линија меѓу баланс на заштита на обележјата на Македонија и интересот да ги почнеме преговорите. Се уште нема решение, инаку би знаела јавноста. Има напредна фаза во преговорите, кажа Маричиќ во емисијата „360“.

-Се уште немаме официјални документи според кои би побарале став. Очекуваме како таму ќе се развиваат односите и дали постои подготвеност од нивната влада за да се продолжи со преговорите, додаде вицепремиерот.

Слични содржини