МВР: 88 санкционирани возачи во Скопје, 12 возеле без дозвола

од Vladimir Zorba
246 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 88 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за користење на мобилен телефон.

Изречени се четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет санкции за управување под дејство алкохол, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…