Николовски со повик до сточарите: Искористите ја поддршката за изградба на мандри на бачила

од Берта Китинска
239 прегледи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ги повикува сточарите да ја искористат поддршката за изградба на мандри.

Николовски потсетува дека рокот за аплицирање е до 20 мај 2022 година.

-Сите сточари да ја искористите поддршката за изградба на мандри на бачилата. Нашето сирење е едно од најквалитетните и ова е одлична можност да добиете кофинансирање до 75 отсто за опремување мандри. Истовремено, за сите кои се занимаваат со сточарство, отворена е можноста за добивање финансиска поддршка до 75 отсто за набавка на силоси, за зголемување на складишниот капацитет за исхрана на добитокот, напиша министерот Николовски на својот фејсбук профил.

Слични содржини