Бил Мареј проговори по обвиненијата за недолично однесување: „Погрешно сум разбран“

од Vladimir Zorba
283 прегледи

Откако против него беше поднесена пријава за недолично однесување на снимањето на филмот „Being Mortal“, 71-годишниот актер Бил Мареј конечно се огласи.

Добитникот на Златен глобус објасни дека неговите постапки кон жените биле „погрешно протолкувани“.

„Направив нешто што мислев дека е смешно, но тоа не беше сфатено на тој начин“, рече Мареј откако „Searchlight Pictures“ ја прекина продукцијата на филмот минатата недела.

„Светот е различен во споредба со периодот кога пораснав. Она што како дете го мислев дека е смешно не е она што денес се смета за смешно. Времињата се менуваат и важно ми е да го разберам тоа“, додал актерот.

Во овој момент е познато само дека една од актерките што работи на овој филм го пријавила за недолично однесување, но други детали нема.

Слични содржини