Ќе ви предложиме линерано зголемување на палти од хигиеничар до претседател на државата од 2800 денари. Зголемувањето на платите да се случи ден побрзо зашто економската криза не изеде, инфлацијата е се поголема и тие пари ни се се понеопходни, изјава првиот синдикалец Дарко Димовски пред Стопанска комора.
Како што истакна Димовски, овие барања треба да се исполнат што поскоро.
-Не може, работодавачи и газди, да ви бидеме робови седум дена во неделата. Ќе блокираме се и многу лесно овој протест ќе прерасне во штрајк, а тоа значи прекин на работата за време на работното време.Да ве предупредиме, да ја повлечете претставката од Уставниот суд за недела неработен ден зашто тоа е реалност во земјава – работникот го користи тој бенефит – одмора, напомена претседателот на ССМ во кусото обраќање пред Стопанската комора.