МОН: Борбата за повисоко достоинство продолжува и е наша заедничка

од Берта Китинска
243 прегледи

Секој работник заслужува достоинствена работа и плата, стои во честитката на МОН по повод 1ви Мај.

-Унапредување на правата и можностите за вработените во областа на образованието и науката, подигнување на дигнитетот на просветителите, поддршка за научниците и повисок општествен и материјален статус на сите кои се занимаваат во овие дејности, се цели содржани во програмата за работа на МОН кон кои е насочен нашиот фокус во изминатите неколку години, а интензитетот е зголемен особено во последно време кога и сé повеќе се зголемува свеста дека без влог во човечкиот ресурс, односно без поддршка на наставниците и научниците, како основен услов за градење на квалитетен образовен систем, државата не може да оди напред.

Секој работник заслужува достоинствена работа и плата. А ние, не даваме само празни ветувања, туку стоиме цврсто на зборот и ги исполнуваме очекувањата.Борбата за повисоко достоинство продолжува и е наша заедничка, велат од МОН.

Слични содржини