Тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини изјави дека амбициите на клубот не завршуваат со освојување на Купот. Бетис е петти во поредокот во Примера со 57 бодови, само 4 помалку од четвртопласираниот Атлетико Мадрид, пред денешното гостување кај Хетафе во 34. коло од шампионатот.
Хетафе е 15-ти со 35 бодови.
„Тоа беше посебна недела за нас, не можам да негирам“, изјави Пелегрини за „Марка“ за неговиот успех над Валенсија во финалето на Купот на кралот по пенали.
„Го доживеавме овој момент многу емотивно, но сега се враќаме во реалноста. Презедовме мерки во текот на неделата повторно да бидеме конкурентен тим на нашите претстојни натпревари. Сезоната не завршува со Купот. Сè уште можеме да се пласираме во Лигата на шампионите и ќе се обидеме да го постигнеме тоа“, увери 68-годишниот чилеански стручњак.