Црногорско министерство: С. Македонија има најевтини горива во регионот

од Nikola Popovski
373 прегледи

Цените на Еуросупер 95 и Еуродизелот во Црна Гора се повисоки од просекот во регионот, покажуваат податоците од билтенот на црногорското Министерство за капитални инвестиции.

Според податоците од новиот билтен за цените на нафтените деривати, литар еуросупер 95 во Црна Гора чини 1,73 евра исто колку и во Албанија, јавува Радио-телевизија Црна Гора.

Во Хрватска, Еуросупер 95 чини 1,64 евра, Босна и Херцеговина (БиХ) 1,5 евро, Србија 1,48 евра и Северна Македонија 1,33 евра.

Најевтиниот еуросупер 95 во Европа го плаќаат граѓаните на Унгарија, 1,28 евра, а најскапиот жителите на Финска – 2,17 евра.

Кога станува збор за еуродизелот, литар во Црна Гора чини 1,76 евра. Поскап е во Албанија и Хрватска, каде што може да се купи за 1,89 евра, односно 1,77 евра.

Литар еуродизел е поевтин во Србија каде чини 1,67 евра, БиХ 1,61 евро и Северна Македонија 1,37 евра.

Најскап еуродизел во Европа плаќаат граѓаните на Шведска – 2,41 евро, а најевтин жителите на Малта 1,21 евро.

Слични содржини