МВР информира дека полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ синоќа во 19 часот на излез од гевгелиското село Негорци дале знак за запирање на товарно возило „фиат дукато“, со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало.
Набргу, на влезот на с.Прдејци, гевгелиско, возилото било пронајдено и во него биле затекнати 20 лица мигранти од Сирија, Индија и Пакистан.
Мигрантите биле предадени во Транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка, а за случајот е известен надлежен jавен обвинител.