Ковачевски и лидерите од регионот на почетокот на изградбата на гасниот терминал во Александрополис

од Nikola Popovski
279 прегледи

Утре во грчкиот град Александрополис, во присуство на премиерот Димитар Ковачевски, ќе биде означен почетокот на работите на изградбата на терминалот за течен природен гас (ЛНГ).

Како што најавија од Европскиот совет, покрај македонскиот премиер, на церемонијата ќе присуствуваат и претседателот на Советот Шарл Мишел, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, премиерот на Бугарија Кирил Петков и претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Изградбата на новиот пловечки терминал за ЛНГ ќе го подобри снабдувањето со гас и инфраструктурата во целиот регион на Југоисточна Европа, се вели во соопштението на Европскиот совет.

Од Брисел напоменуваат и дека изградбата на тој терминал ќе и помогне на Европската унија што поскоро да ја намали зависноста од рускиот гас.

Проектот ќе обезбеди нови извори и правци за снабдување со природен гас и ќе ја подобри безбедноста на снабдувањето во Грција, Бугарија и другите земји во регионот, соопшти Европскиот совет.

На неодамнешната владина седница на Грција, Мицотакис рече дека новиот терминал за ЛНГ во Александрополис за складирање и гасификација е многу важен инфраструктурен проект кој, во комбинација со други иницијативи, може да ги диверзифицира изворите на снабдување за помалку од 20 месеци, не само во Грција, туку и на целиот Балкан. полуостров.

Фото: SHUTTERSTOCK

Слични содржини