Борел најави исклучување на повеќе руски банки од SWIFT

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи, Жозеп Борел најави дека повеќе руски банки ќе бидат исклучени од SWIFT.

За време на посетата на Латинска Америка, Борел не прецизираше кои руски банки ќе бидат исклучени од тој банкарски систем, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на венецуелскиот канал VPI.

„Во финансискиот сектор повеќе руски банки ќе бидат исклучени од системот SWIFT, а во енергетскиот сектор бараме мерки кои значително би влијаеле на увозот на руска нафта“, рече Борел.