Два автобуси се судрија во Прилеп – повредени околу 20 работници

од Берта Китинска
318 прегледи

Повредени се околу 20 патници во судар на два автобуси што се случил утрово во прилепската населба Точила.

Според првичните информации од прилепското Основно јавно обвинителство кое со полицијата направи увид, до сударот дошло околу 6 часот изутрината. Едниот автобус бил без патници, а другиот, кој се удрил во бандера, бил полн со работнички кои требало да ја започнат првата смена во текстилна фабрика во Прилеп.

Повредените веднаш се упатени на лекарски преглед во Болницата во Прилеп.Повредените се на лекарски преглед во прилепската болница и се утврдува со какви повреди се здобиле.

Слични содржини