Рускиот претседател Владимир Путин потпиша нов указ за економски мерки против „непријателските земји“.
Путин потпиша указ за одмазднички економски мерки против непријателските земји, пренесува РИА Новости.
Според Кремљ во кусото соопштение, Путин потпишал указ за реагирање на економските мерки во врска со „непријателските акции“ на некои странски земји.
Руската влада направи список на непријателски држави, меѓу кои се најде и Македонија.
Меѓу непријателските земји се: САД, Украина, Европската унија, како и Австралија, Албанија, Андора, Велика Британија, Исланд, Канада, Лихтенштајн, Микронезија, Монако, Нов Зеланд, Норвешка, Република Кореја, Сан Марино,Македонија, Сингапур, Тајван, Црна Гора, Швајцарија, Јапонија, објави ТАСС.