Ќе се формира Комисија „во сенка“ меѓу историчарите од С. Македонија и Бугарија

од Vladimir Zorba
314 прегледи

Во Клубот за бугарско-македонско пријателство има над 100 членови, изјави бугарскиот историчар Стефан Дечев, еден од основачите на клубот.

Клубот е граѓанска заедница на јавни личности од Бугарија и Република Северна Македонија, формирана на 19 април годинава за да одговори на предизвиците со кои се соочуваат двете земји, рече Атанас Шарков, еден од основачите на клубот.

Тој рече дека за време на комунизмот, тоталитарните режими во двете земји воделе многу тешка пропагандна војна еден со друг. По 1990 година, оваа војна всушност продолжи со различен интензитет, додаде Шарков.

Најави дека во рамките на Клубот ќе бидат формирани работни групи од експерти и професионалци за кохезија во различни области – култура, образование, наука, сајбер безбедност, заштита и борба против дезинформации, граѓанско општество, економија. Ќе биде формирана и комисија во сенка меѓу историчарите од двете земји, изјави Шарков, цитиран од „Медијапул“.

Во моментов на сила е историската комисија, која беше формирана според Договорот за добрососедство во 2017 година, но се уште нема постигнато значајни резултати.

Меѓу основачите на Клубот се писателите Алек Попов и Чавдар Ценов, универзитетските професори Александар Ќосев, Ивајло Дичев и Маја Грекова, новинарите Бојко Станкушев, Иво Беров и Димитар Кенаров, експертот за одбрана Велизар Шаламанов, економистите Красен Станчев, Тевелиева Маевлева, а од македонска страна – филозофката Катерина Колозова, политикологот Љубчо Петковски, новинарите Марјан Николовски и Столе Наумов, историчарот Драган Зајковски, поранешните македонски премиери Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски.

Проф. Александар Ќосев, предавач по модерна културна историја на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“, чии корени потекнуваат од Дојран, рече дека бугарските влади во последните десет години направиле да се зголеми десеткратно бугарската фобија во Република Северна Македонија.

„Според него, треба да гледаме на ситниците кои не обединуваат, а не на она што не разделува. Кога бугарските политичари велат дека нацијата е измислена, односите меѓу двете земји не можат да бидат добри“, рече Ќосев.

Слични содржини