Скопјанец измамил штипјанка за 90.000 денари

од Nikola Popovski
355 прегледи

Штипската полиција поднесе кривична пријава против Р.С.(54) од с.Стајковци, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „посебни случаи во фалсификување исправи“.

Тој е обвинет дека во периодот од август до ноември 2021 година измамил жена од Штип за сума од 90.000 денари и не ја завршил договорената работа.

Тој се претставил дека е сопственик и управител на градежна фирма од Скопје, која во тоа време била избришана од трговскиот регистар, и со неа се договорил да ѝ изврши градежни работи на нејзината куќа.