Беловски: Две третини од медиумските работници земаат потпросечна плата

од Nikola Popovski
236 прегледи

Скокот од 33 места на индексот на слободни новинари не значат ништо, вели новинарот Павле Беловски, кој е лидер на Новинарскиот синдикат.

Според него, скокот не се темели на однапред владина стратегија или некоја методологија или пристап кој сме го презеле како општество.

-Она што не загрижува како синдикат е што акцентот во новата методологија, заради која скокнавме 33 места е економскиот индикатор. Две третини од медиумските работници кај нас земаат потпросечната плата. Една третина се со плата од 18-20 000 денари и тоа е оној дел кои припаѓа на онлајн медиумите каде се содржани најголем дел од проблемите, лажни вести и дезинформации, рече Беловски во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини