Чадиковски и Беловски порачаа: Новинарите се џин кој нема намера да молчи и нема да затскрие ништо

од Nikola Popovski

Сметаме дека вака веќе не може. Законите важни за медиумите не се спроведуваат. Јавните функционери имаат потценувачки однос кон новинарите и сниматели. Државниот пи-ар ја зема работата на новинарите, снимателите и фоторепортерите, порача претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски на денешниот протестен марш на новинарите кој почна од пред зградата на Владата.

Тој додаде дека излегоа на марш за да се спречи тенденциите „да се преточат во нешто многу полошо“.

-Колеги бркаа со секира, на еден му удрија бокс пред камера, на колешка и бришеа снимки од мобилен телефон, директор пцуеше новинарка, гледаме тужби од бизнисмени и политичари за издржувачки стории…Сакаме да кажеме стоп, треба да се случат промени, рече меѓу другото Чадиковски.

Претседателот на ССНМ, Павле Беловски истакна дека новинарите не молчеле кога никнувало новинарството во земјата.

-Не замолчевме ни кога не затвораа, тепаа, малтетираа и кога ги губевме нашите работни места. Создадоа џин овде. Тој џин сме ние овде. Тој џин нема намера да молчи и нема да затскрие ништо, освен да ја објави вистината, потенцира Беловски.

Тој истакна дека новинарите се се повеќе шиканирани и тој наратив потекнува од повеќе извори.

-Гледаме дека и високи функционери навредуваат. Оваа ситуација мора да сопре, дециден е Беловски.

На новинарскиот марш што го организираа ЗНМ и ССНМ новинарите и медиумските работници изразија незадоволството од нападите врз новинарите и снимателите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција и небезбедните услови во кои работат новинарите. Од Владата се упатија кон зградата на Собранието.

Слични содржини