Три деца починаа од непозната болест на црниот дроб во Индонезија

од Stefanija Kuzmanovska
362 прегледи

Три деца во Индонезија починаа од непознато заболување на црниот дроб, соопшти Министерството за здравство во Џакарта, со што бројот на починати од оваа болест во светот сега се искачи на најмалку четири.

Сериозен тип на акутен хепатитис во претходните недели е откриен кај 170 деца во 11 земји, што предизвика загриженост во Светската здравствена организација (СЗО) поради болеста од „непознато потекло“, објави „Гардијан“.

Симптомите кои се појавиле кај децата дури и пред да развијат воспаление на црниот дроб вклучуваат гадење, повраќање, дијареа и абдоминална болка.

Слични содржини