За Анкара никогаш не била во игра Теута Арифи и тоа е шпекулација, коментира министерот за надворешшни работи Бујар Османи за Утрински брифинг.
-Се споменуваат имиња во јавноста, но никогаш во Влада не се зборувало за тие луѓе. Внатре во државата и со кандидатот Арифи не се постигна согласност за нејзино заминување во Брисел. ЕУ процедурата на молчење е ако неколку месеци нема реакција тоа значи позитивен исход.Арифи не е кандидат за Брисел. Агнеза Руси Поповска сѐ уште има амбасадорски мандат, а потоа ќе замине во Софија од каде е добиен агреман, вели Османи.