БСП: Петков нема да биде премиер ако го смени ставот за С. Македонија

од Vladimir Zorba
275 прегледи

Недели пред очекуваната одлука дали Бугарија треба да го крене „ветото“ за почеток на преговорите на С.Македонија со Европската Унија, претседателот на Нугарија, Румен Радев, БСП и „Има таков народ“ (ИТН) дадоа јасни сигнали дека не се подготвени за никакви компромиси и го предупредија премиерот Кирил Петков да не ја менува сегашната позиција на државата.

„Ако премиерот одлучи да направи нешто на негова одговорност, јасно е каков е исходот. Тој едноставно нема да биде повторно премиер“, рече Георги Свиленски од БСП.

„Нашиот став е конзистентен – Република Северна Македонија може да продолжи на својот пат кон Европската унија по исполнувањето на договорот и декларацијата од 44. седница на Народното собрание“.

Пратеникот на ИТН, Станислав Балабанов, во вторникот вечерта коментираше дека во наредните недели се поставува поголема битка од онаа за воена помош за Украина, а се работи за Северна Македонија.

Премиерот Кирил Петков неколку пати изјави дека прашањето ќе се реши во парламентот, со јасна поделба во владејачката коалиција.

ИТН и БСП се децидни дека бугарската позиција не треба да се менува, а „Продолжуваме да се менуваме“ и „Демократска Бугарија“ инсистираат на брза потрага по заемно прифатливо решение.

Дел од коалициските партнери го сомничат Петков дека се подготвува да го тргне „ветото“, но тој тоа го негира.

Предупредувањата за С. Македонија доаѓаат во време на затегнати коалициски односи поради воената помош за Украина.

Слични содржини