Најмногу во светот: Над милион починати од корона во САД

од Vladimir Zorba
224 прегледи

Бројот на смртни случаи од коронавирус во Соединетите држави надмина еден милион, најмногу во една земја од почетокот на пандемијата, според податоците на NBC News и Worldometers.

Според американскиот ТВ канал, тој број е еднаков на населението на Сан Хозе во Калифорнија, кој е 10-ти по големина град во САД.

Бројката од еден милион смртни случаи достигна 27 месеци откако беше потврден првиот случај на коронавирус во САД.

По Соединетите Американски Држави, Бразил има највисока стапка на смртност, нешто повеќе од 600.000 смртни случаи, додека Индија е на трето место со повеќе од половина милион жртви на Ковид-19.