Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго стана златна резерва за белиот балет на реваншот против Манчестер Сити во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Мадриѓаните губеа во натпреварот, но Бразилецот, кој влезе како замена успеа да постигне два брзи гола на крајот од мечот и да го испрати во продолжение, а таму Бензема постигна трет гол, со што Реал го испрати во финалето.
Според Родриго, сите што го носат тимот на овој клуб знаат дека мора да се борат до крај на секој натпревар, без разлика на резултатот.
„Го губевме натпреварот, бевме мртви, но на крајот се случи она што се случи. Кога го носиш овој дрес знаеш дека секогаш треба да се бориш до крај. Бевме речиси мртви, но по мојот прв гол почнавме да веруваме. Не можам да објаснам. Немам зборови да опишам што се случи денеска. Господ ме погледна и рече: „Денес е твојот ден“, рече Родриго.