274
Здравствените власти го потврдија третиот случај на ебола во градот Мбандака на северозапад од Демократска Република Конго, соопшти денеска СЗО.
Станува збор за 48-годишен маж кој бил во контакт со првиот пациент, кој почина на 21 април, објави СЗО на Твитер, пренесува „Ројтерс“.
Конго има историја на епидемии на хеморагична треска, а ова е четиринаесетта по ред. Здравствените работници почнаа со вакцинација против ебола минатата недела во Мбандака, главниот град на провинцијата Екватор во Конго.
Според СЗО, идентификувано е дека заразените биле во контакт со 444 лица, чија здравствена состојба се следи, наведува британската агенција.