Реал Мадрид приреди вистински спектакл за своите навивачи во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити.
По водството на „граѓаните“, во финишот на мечот успеаја да направат пресврт и да постигнат три гола, што им овозможи пласман во финалето на елитното европско натпреварување.
Еден од најдобрите поединци на мечот стандардно беше Лука Модриќ, кој во ова финале ќе се бори за петтиот трофеј во Лигата на шампионите во кариерата.
По победата во соблекувалната на Реал следуваше славје, кога искусниот играч за врска на Инстаграм сподели фотографија под која напиша:
„Ова е Реал Мадрид, не се обидувајте да го разберете“, напиша Модриќ.