Србија изразува солидарност со населението на Украина и ги осудува сите напади врз цивили и објекти во таа земја и секоја употреба на сила спротивна на меѓународното право, изјавила српската премиерка Ана Брнабиќ на донаторската конференција за Украина, на која Србија додели три милиони евра во помош на Украина.
Според Брнабиќ, донацијата ќе биде дистрибуирана на терен преку агенциите на Обединетите нации (ОН).
Наведувајќи дека Србија од самиот почеток ја следи ситуацијата, особено последиците за цивилното население и хуманитарната ситуација, во однос на белите и раселените лица, Брнабиќ истакна дека Србија ги поддржува сите напори за прекин на конфликтот и повика на услови за хуманитарна помош.
Граѓаните на Србија сочувствуваат со граѓаните на Украина во желбата да се вратат во нормален живот во кој идните генерации ќе живеат без страв од војна, рече премиерот на Србија во видео вклучувањето на донаторската конференција.
Србија ги поддржува активностите на ОН и другите меѓународни организации во итна акција за помош на ранливите категории погодени од конфликтот.
Брнабиќ потсети дека Владата на Србија на крајот на февруари донесе одлука за хуманитарна помош за населението на Украина и го активира механизмот за прифаќање бегалци.
Меѓународната онлајн донаторска конференција за Украина во Варшава ја организираа премиерот на Полска Матеуш Моравјецки и премиерката на Шведска Магдалена Андерсон, во соработка со претседателот на Европскиот совет Чарлс Мишел и Европската комисија Урсула фон дер Лајен.