Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска од собраниската говорница соопшти дека градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ги блокираат проектите финансирани од ЕУ за да се направи поефикасно и подобро управување со отпадот и заштитата на животна средина.
-Поточно станува збор за Лозово, Свети Николе и Битола. Ова се инвестиции со вредност од над 49 милиони евра. Делегацијата на ЕУ веќе понуди да отидат делегации од овие општини во Австрија и Словенија за да видат како исти такви фабрики функционираат. Затоа лицемерно е во Собрание да критикува опозицијата, а таму каде што имаат власт да ги кочи европските проекти е многу јасно за граѓаните. Презентираат лажни вести дека ќе се загади животната средина, изјави Маричиќ.