Утрово во Кривичниот суд дошло до предлог дополнување на доказите на судењето за предметот „Талир 2“, кое се однесува на противзаконската градба на Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.
Меѓу четириесетината докази, се најшле и решенија од Град Скопје за платен данок на имот за седиштето на партијата, објави „Призма“.
„Со овој доказ сакаме да го побиеме сведочењето на Коце Трајановски“, рече обвинителот Лапе, појаснувајќи дека поранешниот градоначалник на Скопје, пред судот изјавил дека партијата редовно плаќала данок на имот.
Според листата докази што на судот му ја предаде обвинителот Лапе, ВМРО-ДПМНЕ, дури годинава платило данок на имот за Белата палата за периодот од 2017 до 2021 година.