Мбапе: Нема договор ниту со Реал, ниту со ПСЖ

од Vladimir Zorba
318 прегледи

ПСЖ ја заврши сезоната со титулата француски шампион, а сега во центарот на вниманието е Килијан Мбапе, односно неговата иднина.

Се шпекулираше дека е договорена соработка со Реал, кој му нуди богат договор на напаѓачот на Париз, а потоа се огласи Маурисио Почетино, откако тренерот на „светците“ делуваше уверено дека Французинот нема да го напушти клубот. После тоа „Паризиен“ тврдеше дека потпишал нов договор на уште две години, но тоа брзо беше демантирано.

Се огласи и мајката на Килијан, Фајза Малари, која откри дека ништо не е договорено, ниту со двете страни.

– Нема договор со ПСЖ или со кој било друг клуб. Дискусиите за иднината на Килијан продолжуваат мирно за да му се овозможи да го направи најдобриот можен избор, рече таа.

И на медиумите не им е јасно што се случува. „Марка“ тврди дека Реал е прва опција, додека „Паризиен“ тврди дека ПСЖ е прва и единствена опција.

Сепак, Фабрицио Романо синоќа најави дека во наредните денови се чека конечна одлука.

Слични содржини