Абрахам: Рома заслужи пласман во финалето

од Vladimir Zorba
310 прегледи

Напаѓачот на Рома, Тами Абрахам ја коментираше победата од 1-0 над Лестер во реванш полуфиналето на Лигата на конференциите. Англичанецот го постигна единствениот гол на натпреварот. Во првиот меч двете екипи одиграа 1:1 и така „волците“ се пласираа во финалето, каде ќе ги одмерат силите со Феенорд.

„Рома го заслужи своето место во финалето. Кога работиш во Рома, живееш со овој клуб и дишеш со него. Од првиот ден, штом го потпишав договорот, се чувствував како во голем клуб, но без победи и со малку финалиња. Успеавме да изградиме добар тим, кој постепено напредуваше и сега победи тим од Премиер лигата“, изјави Абрахам за сајтот на УЕФА.

Финалето на Конференциската лига ќе се одржи на 25 мај на стадионот Арена Комбетаре во Тирана, Албанија. Состанокот започнува во 22:00 часот.

Слични содржини