Мојс се извини за однесувањето на мечот со Ајнтрахт – го критикуваше противникот и судијата (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
347 прегледи

Менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс, се извини за ударот, поради кој за малку ќе удреше едно од децата на теренот на мечот со Ајнтрахт (Франкфурт) во Германија во полуфиналето на Лигата на Европа, кое неговиот тим го загуби со 0:1.

Вест Хем испадна од трката со вкупен резултат 1:3. Мојс доби црвен картон поради неговата реакција во 77. минута од натпреварот. Тренерот не беше задоволен што детето пребавно ја врати топката, а судијата не се двоумеше да му покаже црвен картон.

„Сакам да се извинам што ја шутнав топката. Се извинив, но тој премногу слабо ја фрли кон мене и добро ми дојде за на волеј“, ја објасни Мојс причината за својата реакција по средбата.

59-годишниот шкотски стручњак го критикуваше и стручниот штаб на Ајнтрахт дека го повикал судијата да го избрка Арон Кресвел, кој првично доби жолт картон во 19. минута од натпреварот, но беше исклучен со црвен картон откако ја разгледа ситуацијата со ВАР.

„Мислам дека судењето не беше перфектно, а ситуацијата со Арон беше прашање на проценка. Бев разочаран од клупата на Ајнтрахт. Тоа не е начин да се реагира“, изјави Мојс.

Тој призна дека е разочаран од елиминацијата на тимот.

„Работите не ни одеа добро, но горд сум на играчите и начинот на кој настапивме со 10 луѓе на теренот. Генерално, уживавме на турнирот и мислам дека научивме неколку работи. Се обидовме да одиме напред, создадовме неколку шанси за гол и мислев дека можеме подобро“, изјави менаџерот на „чеканите“.

Слични содржини