Премиерот Димитар Ковачевски повтори дека за него е неприфатливо единствена точка во дијалогот да биде одредување датум за предвремени парламентарни избори.
-Уцена со одбројувања – пет дена, четири дена, единствена точка на дневен ред, предвремени избори – таква средба не може да има. Затоа што не може да биде единствена точка – предвремени избори. ВМРО-ДПМНЕ пред скоро една година доби мандат во најголемиот дел од општините во државата. Гледате што се случува во општините. Еден проект нема:Во Градот Скопје освен како во хокеј се менуваат директоритер ништо друго не се случува потенцира премиерот Ковачевски.
Тој на лидерот на опозцијата му порача да се фати за работа.
-Затоа, нека си ја земат одговорноста во свои раце, нека покажат дека можат да работат во општините за тоа за што ветуваа, а ниту едно ветување уште не е остварено, кажа премиерот.