Маричиќ: Наследството на ВМРО-ДПМНЕ се скапи плочки, луксузна зграда и крвави глави во Собранието

од Nikola Popovski
187 прегледи

Еве еден ваш извештај од вчера, од вашето работење од минатото. Вчера на судењето на „Талир 2“ беа прочитани вашите добри дела од старите патеки на вашето владеење. Мермерни облоги и мермерен камин од 19 илјади евра во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, плафонски лустери и ѕидни лампи увезени 22 илјади евра, подни плочки дрвени лајсни од Италија 102 илјади евра, дрвен паркет од Италија 76 илјади евра, теписон од Полска, 21 илјада евра, подни плочки, лајсни, дрвен паркет од Италија 18 илјади евра, мозаични мермерни плочки 9000 евра итн, рече вицепремиерот Бојан Маричиќ во реплика на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ласовска во Собранието.

Тој ѝ додаде на пратеничката дека „ова е вашата оставштина, тоа е вашето наследство“.

-Скапи плочки, луксузна зграда, бела палата и крвави глави во Собранието. Наспроти извештаите од ВМРО-ДПМНЕ, овој Извештај ве уверувам дека ни гарантира почеток на преговорите и сите знаеме дека преговорите не сме ги почнале само заради спорот со Бугарија, рече Маричиќ од Собранието.

Слични содржини