САД: Не и помогнавме на Украина да убива руски генерали

од Vladimir Zorba
193 прегледи

Американските власти ги отфрлија тврдењата дека разузнавањето на Пентагон и помогнало на Украина да ги убие највисоките руски генерали и да го потопи ракетниот крстосувач Москва.

Портпаролот на американското Министерство за одбрана, Џон Кирби, на прес-конференција рече дека Украина „донесува одлуки“ кога станува збор за начинот на кој ги користи американските разузнавачки информации и нагласи дека мора внимателно да се разговара за размената на разузнавачки информации со другите земји, пренесе Гардијан.

Американските власти претходно потврдија дека споделиле информации за локацијата на рускиот воен брод „Москва“ со Украина пред да потоне минатиот месец.