Русија: Пет лица загинаа во пожар во сибирскиот регион Краснојарск

од Stefanija Kuzmanovska
278 прегледи

Пет лица загинаа во пожари во сибирскиот регион Краснојарск, соопшти денеска регионалниот оддел на Министерството за вонредни ситуации.

„Во населеното место Николск пожарот зафатил 20 згради, а таму според првичните извештаи животот го загубиле две лица. Во населбата Талажанка 16 згради ги зафатило пламен, а според првите извештаи три лица загинале“, стои во соопштението, пренесува ТАСС.

Вонредна состојба е прогласена во регионот поради силен ветер.