Повеќе од 300 цивили спасени од „Азовстал“

од Vladimir Zorba
262 прегледи

Повеќе од 300 цивили се спасени од почетокот на евакуацијата од опколената фабрика за челик „Азовстал“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Според CCN, ова го означи крајот на првата фаза од евакуацијата, која започна пред нешто повеќе од седум дена.

„Благодарен сум на тимовите на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и Обединетите нации што ни помогнаа да ја спроведеме првата фаза од мисијата за евакуација на Азовстал. Спасени се повеќе од 300 луѓе, жени и деца“, рече Зеленски.

Властите сега се подготвуваат за втората фаза на евакуација на ранетите, медицинските лица и војската.

Слични содржини