Каевски: Во Скопје како да нема градоначалничка, ништо не се работи (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
242 прегледи

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во првите шест месеци од мандатот не сработеа ништо за општините и граѓаните. Не ги реализираа ветувањата и немаат ниту еден проект. Првите 6 месеци од мандатот на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се загубени месеци. Затоа Христијан Мицкоски, во очај, промовира проекти на градоначалниците од СДСМ, истакна на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Тој додава дека во главниот град, Скопје, како да нема градоначалничка, ништо не се работи.

„Ниту едно ветување не е исполнето, а проектите започнати од претходниот градоначалник или се закочени или нема капацитет да ги доврши“, вели тој.

Каевски истакна дека граѓаните на дело ја гледаат неработата и неспособноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и дека затоа Мицкоски се заканува со блокади и зборува за предвремени парламентарни избори во време на најголема економска и енергетска криза. Знае дека разочарувањето кај граѓаните од локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ е голема.

„СДСМ, заедно со граѓаните, заедно со парламентарното мнозинство нема да дозволи блокадите и деструкцијата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да успеат.

Нема да дозволиме блокадите нарачани од Никола Груевски а спроведени од Христијан Мицкоски да ја загрозат иднината на државата“, изјави Каевски.

Слични содржини