МРТ: Ја разгледуваме можноста да ја повлечеме Андреа од Евровизија!

од Берта Китинска
348 прегледи

MРТ најостро го осудува потегот на нашата евровизиска претставничка, Андреа Коевска, којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме.

„Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон.МРТ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување. Јавниот сервис ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по МРТ“, велат од МРТ.

Македонската евровизиска претставничка Коевска предизвика лавина реакции додека за време на фотографирањето со знамето на Македонија одлучи истото да го фрли на земја и да се фотографира без него.

Слични содржини